Откако е во Ливерпул, ОВА никогаш не му се случило на Клоп!

ВБА, Њукасл и сега Саутемптон. Скоро 270 минути без даден гол! Натпревари на кои навивачите на Ливерпул би биле незадоволни доколку нивниот тим би освоил седум од потенцијалните девет бодови, а „црвените“ освоија само два! ВБА украде бод на Енфилд, Ливерпул во Њукасл играше доста подобро, но немаше среќа да дојде до заслужената победа. Ако на тој натпревар заслужи победа, тогаш не може да се каже дека поразот од Саутемптон беше незаслужен. Ливерпул играше доста лошо, слично како и против ВБА. Она што секако е главоболка за Клоп е тоа што неговиот тим е веќе 270 минути без постигнат погодок. Откако Садио Мане погоди во 12. минута против ВБА, Ливерпул е без погодок во наредните два натпревари. Статистичарите велат дека тоа е најдолгата низа на Ливерпул без постигнат погодок од доаѓањето на Јирген Клоп. Ливерпул и понатаму е лидер на табелата во Премиерлигата со 33 бодови, но Манчестер Јунајтед има исто толку со натпреваар помалку. Од друга страна, Манчестер Сити има четири бода помалку од лидерите, но со два натпревари помалку. Сигурни сме дека не очекува луда трка за титулата во Премиерлигата!