Откриени новости во врска со повредата на Меси
Лионел Меси поради контузија на потколеницата на десната нога и повреда на десното колено го пропушти натпреварот против Мец, а според информациите на француските медиуми, би можел да го пропушти и натпреварот против Монпеље кој на програмата е викендов.
Според наводите на „Ле Парисиен“, Меси се уште не започнал со трчање на тренинзите на ПСЖ. Од клубот се уште не ги потврдиле наводите, па допрва треба да се види во каква состојба ќе биде аргетинскиот напаѓач.
Се претпоставува дека во клубот не сакаат да ризикуваат со влошување на повредата на својата ѕвезда пред натпреварот со Манчестер Сити во Лигата на шампионите.
ПСЖ по седум одиграни натпревари е водечка екипа во Лига 1 со максимални освоени бодови.