Откриено зошто Мурињо ја прифати понудата на Рома
Португалскиот фудбалски тренер, Жозе Мурињо објасни зошто прифатил да биде на клупата на Рома, истакнувајќи дека сопствениците на клубот биле искрени и објективни кон него.
„Откако добив отказ во Тотенхем, веднаш ми се јавија сопствениците на Рома. Во разговорот со нив сфатив дека многу ме сакаат на клупата на Рома. Тие се свесни дека нивното доаѓање во Рома е нешто ново во нивните животи, како и дека им треба некој со големо искуство. Беа искрени и објективни“– изјави Мурињо за италијанските медиуми.
„Во текот на кариерата сум правел грешки, бирав погрешни проекти затоа што луѓето со кои разговарав беа неискрени. Во Манчестер Јунајтед дојдов кога клубот беше во транзициска фаза, а потоа го преземав Тотенхем, клуб кој со години е без вистински успех. Но, кога е во прашање Рома ми се допадна пристапот на сопствениците на клубот и не размислував многу, веднаш ја прифатив понудата“– рече „Специјалниот“и додаде:
„Сега ме чека уште една „невозможна мисија“, затоа што луѓето кога сум јас во прашање мислат дека сум успешен само додека победувам. Но, оваа работа повторно ја разбуди страста во мене.“