Откриен договорот на Мурињо, но и трансфер буџетот!
Како што и се очекуваше, Мурињо ги намали своите апетити, а по Порто, ова е неговиот најмал договор во кариерата. Португалецот ќе ја предводи Рома, а ќе биде платен седум милиони евра по сезона, што е втор „најтежок“ договор во Италија, по Антонио Конте.
Но, најважно прашање за навивачите е што ќе биде со трансфер периодот?
Едно е сигурно, нема да биде ништо спектакуларно. Рома загуби огромни пари во последните две години, има долг од 318 милиони евра, со трансферите е во минус од околу 200 милиони, а сопствениците инвестираа повеќе од 200 милиони само да го одржуваат клубот во живот.
Сигурно е дека неколку играчи ќе го напуштат клубот, а Римјаните ќе се обидат да доведат четири или пет засилувања. Се уште нема имиња, на мета се посебно слободните играчи, а ќе помогне веројатно и менаџерот на Мурињо, Мендеш, кој ја искоординира целата оваа приказна.