Ото Адо не е повеќе селектор на Гана
![](https://blog.evrotip.mk/blog2/wp-content/uploads/2022/12/Oto-Ado-1024x742.jpeg)
Селекторот на Гана, Ото Адо, ја напушти функцијата по елиминацијата на репрезентацијата од Мундијалот.
Екипата од Африка загуби со 2:0 од Уругвај и со тоа остана на последното место во групата Х со освоени 3 бода.
„Јасно беше дека ќе заминам по Светското првенство. Јас и моето семејство ја гледаме нашата иднина во Германија. Ми се допаѓа мојата улога во Дортмунд. Дури и да станевме светски шампиони, тоа ќе беше крајот. Тоа е одлука за моето семејство“, изјави 47-годишниот тренер, кој работи со младинските тимови на Борусија Дортмунд.
Адо им се придружи на Роберто Мартинез (Белгија), Карлос Кеирош (Иран) и Херардо Мартино (Мексико) како тренери кои си поднесоа оставки веднаш после испаѓањете од Светското првенство оваа недела.