ОФИЦИЈАЛНО: Милан доведе огромно засилување!

Искусниот хрватски фудбалер, Марио Манџукиќ постигна договор со Милан во врска со доаѓањето во клубот, а во наредните денови треба и да се официјализира оваа соработка, пренесуваат медиумите од Италија. Како што се наведува, договорот помеѓу двете страни е постигнат на 18 месеци, а останува да се види дали ќе биде потпишан во целина, или пка до крајот на сезоната со опција за продолжување на уште една сезона. Веќе нема дилеми дека Милан ќе има уште една вредна опција во нападот во борбата за Скудетото, заедно со пет години постариот Ибрахимовиќ. Манџукиќ ќе се врати во Италија една и пол година по напуштањето на Јувентус, со кој освои четири титули и играше финале во Лигата на шампионите.