Официјално: Челзи го доведе Мало Густо од Лион

Премиерлигашот Челзи официјално го објави трансферот на дефанзивецот од Лион, Мало Густо.

19-годишниот француски десен бек се пресели на Стемфорд Бриџ за 35 милиони евра, а неговиот договор е до летото 2030. година. Густо остатокот од сезоната ќе ја заврши како позајмен фудбалер во Лион, по што ќе им се приклучи на лондончани.

Густо ќе биде уште едно ново засилување за клубот од Лондон, после потписите со Бадијашил, Фофана, Мудрик, Жоао Феликс, Мадуеке и Андреј Сантош.