Охрид го доведе Сашо Шопоски

Фудбалерот за врска Саше Шопоски е трето ново име во охридскиот фудбалски клуб, во летниот преоден рок.
Шопоски во јатото на „рибарите“ ќе се пресели од Тетекс, а претходно има настапувано за Пелистер, Тиквеш, Брегалница и други екипи од Првата и Втората македонска фудбалска лига.
Охрид пред да го доведе Шопоски ги претстави Игор Клечкароски и Мурат Адили.
„Рибарите“ минатата сезона играа во баражот за влез во Првата лига. Неприминлива пречка за охриѓани беше Ренова, која славеше после изведување на пеналите.