Охрид пресилен за турскиот Спорт Тото во првиот меч

Ракометарите на Охрид со убедлива победа над Спорт Тото од 36-24 тргнаа во одбрана на трофејот во ЕХФ Европскиот куп.

Турскиот претставник рамноправен беше само во почетните минути, а избраниците на Ројевиќ од 4-4 во продолжение ја преземаа контролата над мечот. На пауза заминаа со осум голови предност (18-10).

Второто полувртеме гостите го отворија со 4-0, но тука македонскиот суперлигаш одново „додаде гас“ и полека почна да го трасира патот кон сигурна победа.

Најефикасен беше Доминик Мате кој се истакна со девет гола, додека на спротивната страна, Илкај Калесоглу дуелот го заврши со осум гола.

Реваншот кој повторно ќе се игра во Охрид е закажан за утре во истиот термин од 18:30 часот.