Охрид се враќа со херојска победа од Атина

Македонскиот тим ГРК Охрид со победа над Олимпијакос од 31-26 се враќа од гостувањето во Атина.
Во првиот дуел од четвртфиналната пресметка во Европскиот куп на ЕХФ, ГРК Охрид покажа одлична игра и полека гледа кон следната полуфинална фаза во ова натпреварување кое минатата сезона го освои Алкалоид.
Екипата на Охрид одигра одличен натпревар и заслужено дојде до победата на натпреварот во Атина на гостински терен. Разликата во квалитет Охрид ја покжа уште во првото полувреме кое го доби со 15-10, за да во вториот дел ја одржува оваа предност и да слави на крајот со +5 голови позитива. Одличен кај макеоднскиот тим беше грчкиот пивот Николаос Лиапис со седум гола, додека Анте Иванковиќ имаше исто така седум гола, пет од нив во вториот дел. Кај Олимпијакос, Савас Савас имаше 14 гола.
Реваншот меѓу ГРК Охрид и Олимпијакос ќе се игра на 4 април во СРЦ „Билјанини Извори“, а нашата екипа ќе влезе во оваа средба со позитива од пет голови.