Охрид ќе биде домаќин во реваншот со Татабања

Ракометарите на Охрид ќе му гостуваат на тимот на Татабања во првиот финален меч во плеј-офот во ЕХФ Европскиот Куп.

Денешната ждрепка сакаше „рибарите“ да гостуваат во Унгарија на првиот дуел на 23/24 мај а реваншот да го одиграат седум денови подоцна во салата „Билјанини извори“ во Охрид.

Нашиот тим има реална шанса да го повтори успехот на Алкалоид кој во изминатата сезона токму во ова натпреварување ја освои шампионската круна.