Пабло Мари од Арсенал нов соиграч на Несторовски во Удинезе

Тимот на Удинезе објави дека се засилува со одбранбениот играч Пабло Мари кој пристигнува од Арсенал.

Мари ќе биде во италијанскиот клуб како позајмен играч до лето, а Удинезе ќе има опција за откуп на неговиот договор. 28-годишниот Шпанец не беше во плановите на Артета и се очекуваше да го напушти клубот.

Во овој момент Удинезе се наоѓа на 14-тата позиција на табелата во Серија А и сигурно дека им е потребна цврстина во одбраната, Мари би требало таа цврстина да ја донесе.