Павард се предмисли, сега сака да остане во Минхен
Францускиот фудбалер на Баерн Минхен Бенжамин Павард најверојатно ќе го продолжи договорот со клубот, ова го пренесува „Скај Спортс“.
Претходно беше објавено дека 24-годишниот Павард, чиј договор со клубот од Минхен истекува во летото 2024 година, сака да се обиде во друг тим. Гласините го поврзуваа светскиот шампион од 2018 година со Манчестер Јунајтед и Барселона. Имаше информации дека претставници на Бенжамин му кажале на шпанскиот клуб дека нивниот клиент има намера да игра во нивниот тим.
Сепак, според „Скај Спортс“, сега претставници на Павард се насочуваат кон опцијата за продолжување на договорот. Се најавува дека двете страни не преговарале, но Баерн е задоволен што играчот се предомислил и најверојатно ќе му понуди нов договор.