Павард се сели во Серија А?

Бенџамин Павард би можел кариерата да ја продолжи во Серија А, пренесуваат италијанските медиуми.

Иднината на 26-годишниот Французин е прилично неизвесна во Баерн, бидејќи влезе во последната година од договорот.

Преговорите помеѓу двете страни се во прекин, а Павард е спремен да ја промени средината. Ситуацијата будно ја следи Милан, кој е силно заинтересиран за Французинот, а шпекулациите се разгореа откако Павард пред неколку дена беше на „Сан Сиро“ да ги гледа „росонерите“.

Тухел сака да го задржи, но доколку Павард не стави потпис на нов договор, Баерн е спремен да го продаде за 20 милиони евра.