Павард ќе го напушти Баерн Минхен после завршувањето на сезоната
Весникот Билд пренесува дека дефанзивецот на Баерн Минхен и француски репрезентативец, Бенжамин Павард, нема намера да го продолжи договорот со баварскиот клуб. Според информациите, францускиот фудбалер ќе бара нов професионален предизвик и сака да се пресели во друг тим во летото 2023 година.
Претходно беше објавено дека за услугите на Павард е заинтересирана Барселона. Актуелниот договор на дефанзивецот со Баерн е до летото 2024 година. Според наводите, челниците на германскиот клуб се подготвени да го пуштат Павард да си замине ова лето доколку за него пристигне соодветна понуда.