Павловиќ заради болест ќе ги скокне и следните натпревари

Екипата на Баерн Минхен објави дека фудбалерот од средниот ред, Александар Павловиќ, уште е болен и дека ќе ги пропушти претстојните натпревари на Баварците.
Тој не играше во Бундес на мечот со Штутгарт и на средбата со Баер Леверкузен во Лигата на шампионите. Павловиќ нема да биде на списокот на тренерот, Винсент Компани и за дуелите против Бохум и Унион Берлин како и за реваншот против „фармацевтите“ во ЛШ.
Репрезентативецот на Германија веројатно нема да игра и за „панците“ во мартовските мечеви во Лигата на Нации.