Падна договор, Компани ќе го преземе Баерн
Новинарот Флоријан Плетенберг, кој одлично ги познава состојбите во Баерн Минхен, објави дека Баварците се договориле со Винсент Компани.
Тоа значи дека досегашниот тренер на Барнли ќе се пресели во Бундес-лигата а англискиот клуб ќе добие оштета од максимални 12 милиони евра.
Компани ќе потпише договор до 2027 година. Белгискиот тренер пред да замине во Англија работеше во татковината во екипата на Андерлехт.