Падна договор: Реал го прави Белингам најскап Англичанец
Џуд Белингам стана најскапиот англиски фудбалер во историјата. Реал Мадрид постигна конечен договор со Борусија Дортмунд за потпис на 19-годишниот играч од средниот ред. Официјалното соопштение за трансферот се појави денеска. Борусија Дортмунд ќе добие 133,4 милиони евра вклучувајќи ги сите бонуси.
По овој трансфер, Белингам стана најскапиот Англичанец во историјата на фудбалот. На второто место е Џек Грилиш, за кого Манчестер Сити на Астон Вила и плати околу 115 милиони евра.
На третото место меѓу најскапите Англичани е дефанзивецот на Манчестер Јунајтед, Хари Мегваер, купен во 2019 година од Лестер Сити за приближно 93 милиони евра. Четврти во рангирањето е Џејдон Санчо, за кој Манчестер Јунајтед плати 85 милиони евра на Борусија Дортмунд.