Падна рекордот во машка и женска конкуренција на маратонот во Лондон

Атлетичарката од Етиопија Тигст Асефа и Кениецот Себастијан Саве, на маратонот во Лондон поставија нови светски рекорди.
Атлетичарот од Кенија, Себастијан Саве, делницата од 42 километри и 195 метри ја мина за еден час, 59 минути и 30 секунди.
Саве стана првиот атлетичар во историјата што истрчал маратон за помалку од два часа.
Тој го собори претходниот светски рекорд – 2:00:35, кој го постави Кениецот Келвин Киптум во октомври 2023 година на маратонот во Чикаго.
Второто место на маратонот во Лондон го освои атлетичарот од Етиопија Јомиф Кеџелча, кој исто така го заврши маратонот за помалку од два часа. Тој постигна резултат од еден час, 59 минути и 41 секунда.
Третата позиција му припадна на Џејкоб Киплим од Уганда, кој беше исто така побрз од претходниот светски рекорд. Тој забележа време од 2:00:28.