Пад за една позиција за македонската кошаркарска репрезентација

Македонија падна едно место во ранкингот на Светската кошаркарска федерација – ФИБА. По завршувањето на августовските претквалификации ние сме лоцирани на 59-то место во светот или на 29-то во европската зона.
Еве каде се нашите противници во претквалификаците за Евробаскетот 2029. Ирска е 37- ма во европски односно на 82 -ра во светски рамки. Луксембург е на 39. позиција во Европа и 88-ми во светот додека Азербејџан е на 107. место во светскиот и на 44-то во европскиот рејтинг.
Лидер на ФИБА листата остануваат САД пред Германија и Србија.