Пакета е трансфер цел на Тен Хаг и Јунајтед
Манчестер Јунајтед се вклучи во траката за потписот на бразилскиот репрезентативец и ѕвезда на Вест Хем, Лукас Пакета, пренесуваат англиските медиуми.
Пакета пред две години пристигна во Вест Хем и се етаблираше во еден од најдобрите играчи за врска во Премиер лигата. Бразилецот е голема желба и на Пеп Гвардиола кој минатото лето понуди 80 милиони евра за неговиот потпис, но Вест Хем не го дава за помалку од 100 милиони.
Сега во тракат се вклучи Манчестер Јунајтед кој покрај пари е спремен да го понуди и Хари Мегваер за кого „чеканите“ покажуваат силен интерес.
Приоритет на „црвените ѓаволи“ е засилување на средниот ред, а главна мета е токму Лукас Пакета