Пакета пред нова истрага за недозволена обложување
Фудбалската асоцијација на Англија го обвини играчот од
средниот ред на Вест Хем, Лукас Пакета за четири наводни
прекршувања на правилата за обложување.
Наводно, на некои натпревари од Премиер лигата, Пакета
намерно добивал жолти картони.
„Наводно Пакета намерно сакал да добие жолт картон од судијата
со несоодветна цел да влијае на пазарот за обложување со цел
едно или повеќе лица да профитираат од обложувањето“, се вели
во соопштението на ФА.
Пакета, кој има рок до 3-ти јуни да одговори на обвиненијата,
негираше каква било злоупотреба. Пакета, кој одигра 37
натпревари оваа сезона и постигна осум гола и забележа седум
асистенции, ќе биде главната цел на Манчестер сити во летниот
преоден рок.