Пакета ќе ги одбие сите понуди и ќе остане во Лион

Играчот од средниот ред на Олимпик Лион, Лукас Пакета го привлече вниманието на врвните европски клубови.

Според „ESPN“, претставници на Пари Сен Жермен, Манчестер Сити, Арсенал и Тотенхем биле во контакт со играчот од средниот ред во последните недели, но не успеале да постигнат напредок во преговорите.

Бразилецот е задоволен од својата позиција во тимот и нема да бара да биде продаден. Се очекува тој да продолжи со Олимпик Лион и следната сезона.

Лукас Пакета минатата сезона имаше 35 настапи и 15 постигнати гола во дресот на својата екипа.