Пак Шпанец е селектор на катарската репрезентација

Азискиот фудбалски шампион Катар го промовира новиот селектор кој ќе го наследи Маркез Лопез.
Всушност, клупата ја презема човекот кој му беше асистент Луис Гарсија Фернандез. Се работи за 43-годишен шпански стратег кој во кариерата работеше во Интернасионал и Еспањол.
Гарсија ќе седне на клупата на Катар откако стави потпис на договор до 2026 година. Со репрезентацијата Шпанецот ќе се обиде да се пласира на Светското првенство во САД, Канада и Мексико.
Интересно беше дека со преземање на репрезентациајта на Катар се поврзуваше и Златко Далиќ, актуелниот селектор на Хрватска.