Паласиос доби нов договор во Леверкузен

Баер Леверкузен го продолжи договорот со аргентинскиот репрезентативец Езекиел Паласиос до јуни 2030 година, објави германскиот клуб.

26-годишниот играч од средниот ред моментално се опоравува од повреда. Неговиот претходен договор истекуваше во 2028 година.

„Езекиел Паласиос беше еден од нашите клучни играчи во последните години и ќе продолжи да презема многу одговорности во градењето на тим кој е гладен за успех и способен да освојува трофеи“, рече извршниот директор за спортски прашања, Симон Ролфес.

Паласиос беше дел од тимот на Баер Леверкузен кој ги освои титулите во Бундеслигата и Купот на Германија во сезоната 2023/2024, во која беа непоразени.