Палиња од Фулам ќе биде првото зимско засилување за Баерн

На Баерн Минхен во последниот ден од преодниот рок му пропадна трансферот на Палиња од Фулам.

Португалецот игра фантастично во Премиер лигата, а во летниот преоден рок беше на чекор од трансфер во Баерн Минхен.

Меѓутоа, Баерн не се откажува од намерата да го доведе играчот за врска во Минхен, бидејќи е голема желба на Тухел, а и самиот фудбалер сака да ја промени средината. Фулам летово ја прифати понудата на Баерн од 50 милиони евра, па трансферот беше само одложен за јануари.

Германските медиуми пренесуваат дека се договорени сите детали и Палиња во првите денови на јануари ќе биде претставен во Минхен.