Палмеирас загриза за ветеранот Кавани

Единсон Кавани, кој ја реализира последната сезона на „Олд Трафорд“, во текот на летото може да добие понуда да се пресели во Палмеирас.
Бидејќи 34-годишниот фудбалер ќе може да направи трансфер без обештетување, неколку елитни тимови сакаат да дојдат до неговиот потпис. Тука се споменуваат Реал, Барселона и Бока Јуниорс.
Уругваецот кој го облече дресот на „црвените ѓаволи“ во 2020 година, има одиграно 47 мечеви со ефект од 18 голови и шест асистенции.