Палмеираш добива големо засилување, потпишува со Диего Коста
Диего Коста остана без ангажман откако ја заврши соработката со Атлетико Мадрид, а бразилските медиуми се убедени дека ќе се врати во својата татковина.
Коста е пред враќање во родниот град Сао Пауло и потпишување двегодишен договор со Палмеираш.
Напаѓачот како дете навивал токму за овој бразилски тим, па сега сака да ја оствари желбата да го носи дресот на екипата која беше јужноамерикански шампион во 2020 година и неодамна учествуваше на Светското клупско првенство.
Палмеираш ќе му плати по три милиони по сезона на Коста, а преговорите ќе бидат финиширани наскоро бидејќи и фудбалерот е во Бразил.