Панатинаикос му нуди нов договор на Кендрик Нан

Сопственикот на Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос планира да го задржи Кендрик Наан во Атина со огромен договор, но и дополнително да ја засили бековската линија со Василије Мициќ.

Познато е дека контроверзниот бизнисмен му се восхитува на американскиот плејмејкер кој минатата сезона го предводеше својот клуб до седмата титула во Евролигата. Газдата на клубот е подготвен да му понуди богатство за да го продолжи договорот.

Според информациите со кои располага грчкиот „Спортдо“г, Јанакопулос на поранешниот играч на Мајами ќе му понуди тригодишен договор вреден повеќе од 20 милиони евра, што би бил апсолутен рекорд во елитното европско натпреварување.

Доколку тоа се случи, Нан би заработувал околу седум милиони евра по сезона.

Претседателот и извршен директор на фармацевтската компанија „Вианекс“ со овој чин сака да му докаже на својот најдобар играч колку го цени и го сака во својот тим во годините што доаѓаат.

Најдобриот стрелец оваа сезона во Евролигата игра фантастично. Во претходните пет натпревари тој постигнуваше 25 или повеќе поени по натпревар, израмнувајќи го рекордот на Милош Вујаниќ, Дејан Томашевиќ и Кит Ленгфорд.