Пандев: Елмас исправно постапи што се врати во Серија А

Горан Пандев остави голема трага во Серија А, со Интер ја освои тројната круна. В Милано се пресели од Лацио како слободен играч.

Пандев за „Радио Лациале“ ја коментираше одлуката на Елиф Елмас да ја напушти Бундес лигата и да се врати во Серија А. Неодамна Елмас потпиша за Торино.

Елмас пред една година од Наполи се пресели во Лајпциг за 24 милиони евра. Во Лајпциг не доби вистинска шанса. Во првиот дел од новата сезона. Еламс сезонава за Лајпциг одигра 44 минути во Бундеслигата и 15 во Лигата на шампионите.

Торино ќе има можност за 17 милиони евра да го откупи неговиот договор.

„Елмас во Торино? Донесе добра одлука што се врати во Италија, Серија А е многу подобра лига за него отколку Бундеслигата“, рече Пандев и потоа одоговри на прашањето зошто во овој омент не гледа млади македонски таленти кои можат брзо да завршат во Серија А.

„Сметам дека не се доволно подготвени за Серија А. Проблем прави и тоа што Македонија не е членка на Европската унија. Со самото тоа, потпишувањето со такви играчи претставува дополнителен проблем“.