Пандев: Нема да се премислам, ова е крај и најдобро е вака

Натпреварот со Холандија беше посебен за нашата репрезентација, но пред се за нашиот најдобар фудбалер Горан Пандев кој гоодигра последниот натпревар во дресот на нашата селекција.

„Возбуден сум и благодарен за цела Македонија. 20 години носење на овој дрес беше посебна чест и гордост. Одигравме добро ЕП, но ни фалеше тоа искуство. Ни фалеше многу малку, за да направиме добар резултат. Вечно ќе се сеќаваме на овие денови. Што се однесува до оној старт на Блинд, добив удар, но Холандија е фаворит и домаќин и нормално судиите да се наклонети кон неа. Ние и на овој меч го дадовме максимумот, имавме два поништени гола, статива и уште неколку шанси. Но во вториот дел паднавме физички, а Холандија го искористи тоа затоа што играат во ист ритам 90 минути. Нема простор за враќање. На 38 години да играм на два фронта е претешко. Ќе навивам за овие момци и убеден сум дека ќе обезбедат пласман на СП“, рече Пандев по натпреварот со Холандија.