Пандев: По ЕП со Македонија заминувам во пензија

Горан Пандев има две желби за 2021 година, да и помогне на Џенова да опстане во елитата на Италија и да го сочува здравјето за да може со Македонија да игра на ЕУРО 2021. „Оваа година секако дека беше успешна на спортски план, но мислам дека 2021 ќе ми донесе нови радости и покрај тоа што ќе имам полни 38 години. Верувам дека ова ќе биде мојата последна сезона во кариерата. Најпрво да обезбедам со Џенова опстанок во Серија А, па со Македонија да си го остварам сонот и да играм на Европското првенство, потоа мислам дека ќе следи пензија“, изјави Пандев. Нашиот најдобар фудбалер објасни дека планира по пензионирањето да остане во Џенова каде што неговото семејство се чуствува одлично.