Пандев размислува да ја одложи пензијата за една година

Многу се пишува овој период за тоа дали македонската фудбалска икона Горан Пандев ќе игра и наредната сезона во редовите на Џенова. Пандев зад себе има фантастична сезона во која обезбеди опстанок со Џенова и со Македонија се пласираше на Европското првенство. Поради ваквата сезона, но и добриот старт на квалификаците за СП во кој имавме и победа против Германија се најавува дека Пандев ќе одигра уште сезона. Самиот тој истакна дека се уште ништо не се знае. „Пензија? Сега уживам во изборениот опстанок со Џенова, па потоа следи Европското првенство. Идејата како што знаете од претходно ми е да ставам крај по Европското, но ништо не се знае“, изјави Пандев за италијанскиот „Скај Спорт“.