Пандев си даде оставка од Брера по именувањето за спортски директор на ФФМ

Претседателот на Брера, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски фудбалски репрезентации. По именувањето на оваа функција од страна на новиот претседател на ФФМ Масар Омерагиќ, Пандев даде оставка од функцијата претседател на нашиот клуб ФК „АП Брера Струмица“. Оставката е со цел да нема судир на интереси како и заради неспоивоста на двете функции.

Горан Пандев е основач на струмичкиот клуб а со превземањето од Брера Холдинг тој беше поставен на функцијата претседател со цел да се даде нова димензија на функционирање и градење на еден професионален клуб.

Секогаш сум зборувал и залагал за развој на македонскиот фудбал и дека треба сериозно да се посветиме за прогрес на клупскиот и репрезентативен фудбал. Верувам дека новото раководство ќе го даде тој инпут на кој ќе бидеме горди сите ние како нација. Репрезентациите треба да бидат наша светост и треба да ги градиме во конутинитет. Имаме потенцијал само треба професионален пристап,, кажа Пандев кој веќе не е претседател на ФК Брера Струмица.