Пандев со честитка до Интер по освоената титула (фото)

После долг „пост“, Интер успеа да ја освои Серија А, а со тоа и да го симне Јувентус од долгогодишниот трон. Во изјава за „Газета дело спорт“, македонскиот репрезентативец Горан Пандев на својот поранешен клуб му го честиташе остварениот успех. „Честитки до Интер, време беше да ја освојат титулата. Тие го заслужија тоа и ги израдуваа навивачите“, посочи Пандев.

За потсетување, капитенот на македонската репрезентација, беше член на Интер во периодот од 2009 до 2012. година, и тогаш го освои со нив Скудетото, Купот, како и Лигата на шампионите.