Пантер по три сезони си замина од Партизан

Српскиот кошаркарски гигант Партизан соопшти дека се разделил
со миленикот на „Гробари“, Кевин Пантер.
Пантер по три сезони си замина од Партизан, а за неговиот
потпис во моментов се борат Барселона и Макаби.
„По три незаборавни сезони, Пантер летово замина од Партизан.
Кошаркарот и клубот постигнаа договор за разделба. Еден од
најдобрите играчи на клубот во последните три години засекогаш
ќе остане дел од нашето семејство“, соопшти Партизан.