Панчев: Македонија може до изненадување!

Дарко Панчев, еден од најдобрите фудбалери во историјата на Македонија, смета дека нашата репрезентација не треба да се задоволи само со учество на Европското првенство.

Нашата репрезентација е во групата Ц со репрезентациите на Холандија, Австрија и Украина.

„Не е тоа некоја претерано силна група. Можеме да направиме едно убаво изненадување. Холандија е единствена репрезентација од екстра класа. Со Австрија и Украина апсолутно може да се игра. Ова е одлична шанса на Европа да и демонстрираме висок квалитет. Немаме што да изгубиме бидејќи и така никој од нас ништо не очекува“– вели Панчев.

Како главен квалитет на Македонија, Панчев го гледа големиот квалитет во средниот ред.

„Тука имаме четири одлични играчи. Ги предводи Адеми, кој е капитен во Динамо Загреб, Тука се уште Барди, Алиоски и Елиф Елмас од Наполи, кој е еден од најголемите таленти на овие простори. Со сите можат да се надигруваат“- вели Панчев.