ПАОК ќе добие покана за настап во Евролигата

Евролигата можно е во следната сезона да има нов клуб и тоа од соседна Грција. Неизвесно е учеството на Асвел, а финансиски проблеми има Монако. Како потенцијален учесник за сезоната е екипата на ПАОК од Солун и тоа би била трета екипа од оваа држава по Панатианикос и Олимпијакос.

Овој грчки клуб би настапувал со вајлд карта, а се напомнува дека финансиските средства не се проблем за овој клуб. Евролигата позитивно гледа на оваа опција.

ПАОК пред извесен период го ангажираше тренерот Андреа Тринкиери и имаат големи планови. Во моментов тие се натпреваруваат во ФИБА Купот на Европа и во четвртфиналето ќе играат против Перистери. Во домашното првенство ПАОК се наоѓа на четвртото место на табелата.