Папе Тиао: Франција сурово ги казни нашите грешки

Селекторот на Сенегал, Папе Тиау, го коментираше поразот на неговиот тим од Франција со 3-1 во првиот меч за двете земји на Мундијалот.

„Навистина сакавме да го добиеме натпреварот. За жал, ни недостасуваше ефикасност а на Светското првенство сè се одлучува според деталите. Ја губевме топката во значајни моменти.

Во второто полувреме направивме неколку колективни грешки кои на крајот се покажаа како одлучувачки“, објасни селекторот на Сенегал.