Паредес до крајот на сезоната ќе игра на позајмица во Јувентус

Досегашниот фудбалер на Париз Сен Жермен, Аргентинецот Леандро Паредес, до крајот на сезоната ќе настапува во Јувентус како позајмен играч.

Јувентус на крајот од сезоната ќе има право на откуп на договорот на Паредес, а целиот трансфер би можел да изнесува околу 20 милиони евра.

28-годишниот Паредес во ПСЖ пристигна 2019 година од рускиот Зенит, а пред тоа играше за Бока Јуниорс, Кијево, Рома и Емполи.

За аргентинската репрезентација има одиграно 44 натпревари и постигнато четири гола.