Паредес се врати во Бока Јуниорс

Фудбалерот, Леандро Паредес, кој го напушти италијанскиот состав Рома, се збогува со фановите на „римската волчица“.
– Знам дека навивачите на Рома ќе ме разберат. Рим секогаш ќе биде мојот втор дом, тоа беше мојот прв и последен клуб во Европа, напиша денeска Паредес на социјалните мрежи.
Аргентинецот одигра 135 натпревари за екипата од Рим. Тој кариерата ќе ја продолжи во Бока Јуниорс.