Паредес се врати во Рома по седум години

Рома и официјално го комплетираше трансферот на
аргентинскиот играч за врска Леандро Паредес, кој дојде од Пари
Сен Жермен, соопшти италијанскиот клуб.
„Добредојде повторно дома!“, му порачаа од клубот на Паредес,
кој ги бранеше боите на Рома во периодот од 2014 до 2017
година. Светскиот шампион со Аргентина потпиша договор со
Рома до 2025 година.
“Секогаш е возбудливо да се вратиш во Рома. Им благодарам на
навивачите за пречекот и на управата што ме вратија во клубот
кој ми даде пат кон Европа“, порача Аргентинецот.