Париз Сен Жермен на лето го продава Нејмар

Францускиот весник „Паризијен“ пренесува дека челниците на Париз Сен Жермен донеле одлука на крајот од сезоната да го продадат Бразилецот Нејмар.

Оваа одлука била донесена поради бројните проблеми кои Нејмар ги правел со соиграчите, но и со спортскиот директор Луис Кампос.

Имено, бразилскиот напаѓач после поразот на ПСЖ од Монако направил хаос во соблекувалната, бидејќи прво имал расправија со соиграчите, а потоа вербално го нападнал и директорот Кампос.

Француските медиуми потсетуваат дека ова не е прв инцидент на Нејмар, но овај пат расправиите нема да му се простат.

Нејмар во ПСЖ е веќе шест години, каде пристигна од Барселона за рекордни 222 милиони евра. За популарните „светци“ има постигнато 117 голови на 171 натпревар.