Париз Сен Жермен сака да го доведе Рудигер во јануари

Пари Сен Жермен е блиску до доведување на дефанзивецот на Челзи, Антонио Рудигер. 

Германскиот весник Билд пренесува дека пред неколку недели била одржана средба помеѓу спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо, и братот на Рудигер кој воедно е и негов менаџер.

На средбата се разговарало за евентуален трансфер на Рудигер во Париз кој би се случил во јануари. Репрезентативецот на Германија веќе од порано најави дека мали се шансите тој да остане во сегашниот негов клуб, Челзи.

Главен конкурент на ПСЖ во битката за доведување на Рудигер се очекува да биде Реал Мадрид кој сака да го види играчот во своите редови претстојното лето.

Германскиот дефанзивец во дресот на Челзи оваа сезона одигра 21 натпревар на кои постигна 2 гола и оствари 4 асистенции.