Париз Сен Жермен сака трампа со Јувентус, Икарди за Моизе Кин
Според француските медиуми, францускиот вицешампион Париз Сен Жермен сака да се раздели со напаѓачот Мауро Икарди, и ќе проба во своите редови да го врати Моизе Кин од Јувентус.
Неодамна беше објавена веста дека од Јувентус веќе стапиле во контакт со претставниците на Икарди. Јувентус сака да го доведе Аргентинецот во Италија откако тој со своите игри не успеа да се наметне во ПСЖ по неговиот трансфер од Интер.
Но според информациите, челниците на „Старата дама“ не се согласуваат да платат 50 милиони евра, колку што побарува ПСЖ за Икарди.
Поради оваа причина, двата тима можат да направат меѓусебна размена на играчи – Кин за Икарди. Спортскиот директор на екипата од Париз, Леонардо е голем фан на 21-годишниот Италијанец и сака повторно да го види во екипата каде минатата сезона играше како позајмен играч.