Париз Сен Жермен се откажува од доведување на Ерлинг Халанд
Екипата на Париз Сен Жермен ги промени своите планови и одлучи да не се вмеша во трансфер битка за доведување на Ерлинг Халанд од тимот на Борусија Дортмунд.
Норвежанецот Халанд, долго време се споменуваше како наследник на Килијан Мбапе кој со голема веројатност ќе се пресели во тимот на Реал Мадрид.
Челниците на ПСЖ не сакаат да соработуваат со менаџерот на Халанд, Мино Раиола кој за реализација на овој трансфер очекува да заработи огромни пари на име менаџерски бонуси.
Клубот од Париз веќе започнал со барање на други опции за засилување на својот напад, а последно име кое често се споменува е напаѓачот на Фиорентина, Душан Влаховиќ.