Париз Сен Жермен со нова понуда до Мбапе

Челниците на ПСЖ не губат надеж и веруваат дека ќе успеат да потпишат нов договор со Килијан Мбапе.
Раководството на клубот од Париз наводно започнало преговори со 23-годишниот фудбалер за краткорочно продолжување на договорот, пренесуваат француските медиуми. Како адут за негово останување се претставува и можното доаѓање на легендарниот Зинедин Зидан на тренерското место во тимот и неговото влијание врз младот напаѓач.
Договорот на Французинот со ПСЖ истекува ова лето. Се смета дека Реал Мадрид е неговиот следен клуб, но тој постојано изјавува дека се уште не донел конечна одлука и сега е фокусиран на игрите во остатокот од сезоната.