Париз Сен Жермен ќе се обиде да го доведе Винисиус

Екипата на ПСЖ има намера да го доведе играчот на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор.

 Ова би претставувало еден вид на одмазда поради тоа што „Кралскиот клуб“ веќе е извесно дека ќе потпише договор со ѕвездата на французите, Килијан Мбапе.

21-годишниот Винисиус сеуште го нема продолжено договорот со Реал Мадрид иако неодамна изјави дека би сакал да остане во шпанскиот гигант. Сепак челниците на ПСЖ ќе се обидат со примамлива финансиска понуда да го убедат играчот да се пресели во нивните редови каде би бил соиграч на неговите сонародници Нејмар и Маркињос.