Парма го врати Пеле во Серија А
Грацијано Пеле денес треба да ги помине лекарските прегледи во Парма и да го потпише договорот за една година со опција да му биде продолжен доколку „млекарите“ обезбедат опстанок во Серија А. 35-годишниот напаѓач доаѓа како слободен играч откако го напушти кинескиот состав Шандонг Лунег. Пеле по втор пат ќе го носи дресот на екипата од „Енио Тардини“. Тој играше за Парма шест месеци во сезоната 2011/12. Неговиот нов тим се наоѓа на претпоследното 19-то место во Серија А.