Партизан го собори рекордот по бројот на продадени сезонски влезници во Евролигата

Кошаркарскиот клуб Партизан, кој сезонава се враќа во Евролигата,
соопшти дека го соборил рекордот на елитното европско клупско
кошаркарско натпреварување според бројот на продадени влезници.

Првиот човек на белградскиот клуб објави на социјалните мрежи дека за новата сезона 2022/23 се продадени рекордни 10.000 сезонски билети.
„Кога сите сме како еден, чудата се можни. Сакам да им се
заблагодарам на сите кои со купување сезонски билет му изразија
доверба на нашиот тим. Тука сме заедно да испишеме историја“,
напиша претседател на Партизан, Остоја Мијаиловиќ на својот
Твитер профил.